Во Република Северна Македонија видот и степенот на пречките во физичкиот или психичкиот развој се уредува со Правилникот за видот и степенот на попреченост на лицата во менталниот или телесниот развој на следниве категории :
-
- лица со оштетен вид (слепи и слабовидни)
- лица со оштетен слух (глуви и наглуви)
- лица со пречки во гласот, говорот и јазикот
- телесно инвалидни лица
- ментално ретардирани (лесно, умерено, тешко и длабоко)
- лицa со аутизам и лица со друго перварзивно развојно растројство;
- хронично болни лица
- лица со повеќе видови на пречки.
Попреченостите се разликуваат во однос на природата и степенот на тешкотии што ги доживува секој поединец. Некои луѓе доживуваат повеќе од еден вид попреченост во исто време. Општо земено, бројот на луѓе со одреден степен на оштетување е многу поголем од бројките со целосно губење на функцијата.
Треба да бидеме свесни дека има и видливи и скриени попречености
Видливи попречености
Понекогаш, многу е очигледно дека некое лице има попреченост, како што е слепото лице кое користи бел стап или некој што користи инвалидска количка
Скриени попречености
Не е веднаш очигледно кога некој има скриена попреченост. На сите луѓе кои имаат оштетен вид не им треба бел стап или куче водич. Нечиј изглед нема да ви каже дали има епилепсија или дали најверојатно ќе добие напади на паника

