Достапни информации

Зошто е потребно да давате информации во пристапен формат?

Јавните тела се обврзани со законски да обезбедат, колку што е изводливо, информациите доставени до лицата со оштетен слух, оштетен вид или кои имаат интелектуална попреченост да се обезбедуваат во форма што е достапна за засегнатото лице.

Важно е да се обезбедат информации во пристапен формат кој е јасен и разбирлив.

Тоа им овозможува на луѓето:

  • да им се достапни услугите што им се потребни
  • да донесуваат информирани избори и одлуки
  • да ги разберат медицинските процедури, третмани и долгорочната грижа; и
  • овозможува избегнување на грешки при препишување и земање на лекови

Достапни информации

Информации за пристапност до простории и услуги

Информациите за пристапноста на вашите простории и вашите услуги треба да бидат лесно достапни и во низа формати. Обезбедете информации во достапни формати – на пример, во брошурата со информации за пациентот или на вашиот дел од веб-страницата – за вашата здравствена и социјална установа.

Следниве информации се корисни:

  • Детали за локацијата на вашите простории, пристапот до јавен превоз, паркингот, аранжманите за сместување , како и за тоа каде е влезот
  • Локацијата на одредени услуги и капацитети, вклучувајќи области за прием и чекање, и достапни тоалети
  • Детали за работното време
  • Детали за тоа како пациентот може да контактира или закажува термини.
  • Информации за тоа со кого може пациентот да контактира за конкретна помош

 

Обезбедување информации во различни формати

Прашајте го лицето со попреченост како таа/тој би сакала да се обезбедат информации. На некои луѓе можеби ќе им треба информациите да се пренесат во пристапен формат; на пример, преку е-пошта или СМС порака во случај на слепо лице кое не може да чита писма испратени преку пошта.

Во случаи кога пациентот или корисникот на услугата ќе имаат редовен контакт со услугата, се води евиденција за претпочитаниот метод за обезбедување информации.

Кога подготвувате печатени информации, како што е леток, или објавувате информации на вашата веб-страна, размислете информациите да се достапни за лицата со попреченост. Ова може да вклучува големи букви, информации на вашата веб-страна што се достапни, лесни за читање, аудио, видео или Брајово писмо или на хартија во боја.

 

Големи букви

На луѓето со оштетен вид читањето на текст со големи букви (фонт 14 и нагоре) им дозволува поголема удобност. Големи печатени верзии на клучни публикации и информации може да се произведат едноставно со менување на големината на фонтот во софтверот за обработка на текст. Обезбедете пристап до линковите на интернет страницата за лица со оштетен вид кои имаат читач на нивниот компјутер.

 

Користете слики и симболи

Сликите и симболите можат да им помогнат на луѓето кои имаат интелектуална попреченост и на луѓето кои имаат тешкотии во читањето или во справувањето со ситуации за кои е тешко да се разговара.

 

Лесно за читање

„Лесно за читање“ значи обезбедување информации преку едноставен текст, со придружни слики. Ова им го олеснува следењето на информацијата на луѓе со интелектуална попреченост и лица со низок степен на писменост.

 

Веб-страница

Информациите на вашата веб-страна треба да бидат достапни за луѓето со проблеми со видот кои користат технологија која овозможува аудио верзија на напишаниот текст.

Некои едноставни упатства:

  • Направете ја вашата веб-страна лесна за навигација (лесно да се најдат информациите што ги барате)
  • Обезбедете текстуален опис на која било слика – како би ги опишале некому преку телефон
  • Погрижете се луѓето да ги добијат сите важни информации од вашите видеа и аудио материјали, дури и ако сите луѓе не можат да ги видат или слушнат, и
  • Може да биде корисно да се титлувате видео клипови

 

Видео и аудио

ЦД-а или ДВД-а и онлајн видеата или аудио-снимките направете ги кратки и концизни, со цел да овозможите полесна апсорбција на информациите. Обезбедете глас (аудио опис) за некој со оштетен вид да може да со оштетен кои им е тешко слух.

 

Брајово писмо

Брајовото писмо е систем за пишување од подигнати точки кои се читаат со допир. Со поновите достапни технологии, побарувачката за Брајови документи е релативно мала. Во секој случај треба да ја имате можноста, доколку некој побара и во моментот е изводливо, да му обезбедите пишан материјал во Брајово писмо.