Упатството е изготвено со цел да се направи проценка на поврзаноста на состојбата на инвалидитет со животната и работната средина на лицата со посебни потреби и лицата од вулнерабилни категории, а со самата проценка да се работи на подобрување на условите на овие лица полесно да функционираат во животната и работната средина.
Насоките опишуваат стандард кон кој треба да се стремиме. Тие детално објаснуваат кои обврски треба да се организираат со цел обезбедување достапни услуги. Тие исто така служат како ресурс за здравствените и социјалните професионалци кои можеби планираат овозможување на одредени услуги во иднина.
Размислувањето, сочувството и отворената комуникација се бесплатни. Времето потрошено за идентификување на потребите на една личност е инвестиција во безбедна, ефикасна грижа која може да спречи непотребни ризици за поединецот и членот на персоналот, како и негативни повратни информации.
Се надеваме дека насоките ќе му помогнат на целиот персонал да го надгради своето постоечко знаење и да препознае дека луѓето со попреченост често се експерти за она што им треба
