Развивање на компетентност, зголемување на капацитет и разбирање за ангажираниот персонал
Сите здравствени и социјални работници треба да покажат позитивен став кон корисниците на услугите. Соодветната обука е клучна за да се осигура дека персоналот:
-
-
- е свесен за потребите на пациентите и корисниците на услугите во областа на пристапноста и специфичните грижи за пристапноста на лицата со попреченост, и
- дека секојдневно развива компетентност и доверба за ефективно справување со потребите на овие лица
-
Лицата со попреченост може да се соочат со низа проблеми или бариери при пристапноста. На пример:
-
-
- згради
- транспорт
- опрема
- неуспех да се комуницира на соодветни начини
- недостаток на достапни информации
- ставови
- незнаење
- дискриминација
-
Обуката за работа со луѓе со попреченост може да му помогне на персоналот да ги препознае овие бариери и да научи практични начини на кои може да се решат.
Менаџерите на здравствените установи треба да го олеснат градењето на капацитетите на персоналот. Ова може да се направи со организирање на обука за подигнување на свеста која вклучува општи материјали за достапни услуги и комуникација, како и приспособена обука во врска со специфичната улога на секој поединец во секоја фаза од згижувањето на оваа група на пациенти.

Професионално образование, обука и професионални стандарди
Професионалното образование и обука и континуираниот професионален развој на здравствениот и социјалниот персонал треба рутински да вклучуваат обука за пристапност како суштински дел од нивната наставна програма.
Медицинските и терапевтски училишта, професионалните установи за обука, како што се медицинските училишта и факултети, како и регулаторните тела, имаат улога во овој поглед.
Стандардите поставени од професионалните тела треба да одговоран на прашањата поврзани со пристапноста.
Персоналот кој обезбедува општа здравствена и социјална грижа треба да добие соодветна обука за да овозможи компетентна поддршка на пациентите и корисниците на услуги кои се јавуваат за лекување на медицински состојби различни од нивната попреченост.
Клиничарите, медицинските сестри и сродните здравствени работници треба да добијат обука начинот на интеракцијата со пациенти со на различни медицински состојби, особено кога попреченоста на лицето може да влијае на нивниот план за нега;
Достапни здравствени услуги
Луѓето со попреченост се генерално експерти за нивните потреби и специфични барања во врска со здравствените услуги. Не секој со попреченост има потреба од помош и потребата за посебни услови можеби не е очигледна. Затоа од особена важност е да го прашаме секое лице дали има потреба од помош или одредени услови или посебни барања. Доколку одредени барања не се јасни, да се побараат инструкции, за цело време внимателно да се слушаат нивните барања и да се размислува за план за нивно решавање. Да му се дозволи на лицето да помогне во одредени ситуации и да даде соодветни наоски, доколку персоналот се најде во ситуација која не можа да најде решение.
Лицето со попреченост ќе покаже каква помош е потребна, и не треба да бидете навредени доколку вашата помош не биде прифатена, бидејќи на многу луѓе не им е потребна помош кога се работи за достапност на здравствената услуга или комуникација.
Не треба да претпоставуваме дека лице со попреченост не би можело да одговори на прашања за нивното здравје или нивните симптоми. Најдобро што можете да направите е:
Прашајте го лицето со попреченост дали и каква помош му е потребна!!!
Корисни совети
- Иако е важно да се почитува приватноста на лицето, исто така е важно членовите на семејството, негувателите, лицата за поддршка или оние што им помагаат да ги разберат клучните информации за нивната безбедност; на пример, кои лекови треба да се земаат и кога, и под кои услови лицето треба да се врати во болница
- Поврзете се со лицето и другите како што е соодветно (нивното семејство, негувателите, релевантните даватели на услуги, вклучително и услугите за попреченост или медицинскиот тим) околу аранжманите за испис, последователна грижа и следење.
- Подгответе информативен пакет и обезбедете информации и едукација за корисникот на услугата и семејството/негувателот на соодветен јазик, вербално и во писмена форма. Ова треба да биде обезбедено во формат што е достапен за нив, каде што е можно.
- Доколку е потребно следење, уверете се дека е обезбеден соодветен метод на комуникација во однос на потребите на корисниците на услугата пред да се испише.
- Означете лице кое ќе биде во постојан контакс со организациите за лица со попреченост за поддршка, информации за придобивките и услугите што може да ги користат во заедницата.
