Кога зборуваме за национална стратегија, најважно е да се понуди низа решенија кои ги задоволуваат индивидуалните потреби на лицата со попреченост. Нешто што добро функционира за лице со делумно губење на функцијата можеби не е најдобро решение за некој со други потешкотии.
На пример, на некој што оди со тешкотии може да му биде полесно да управува со скалите отколку со рампата, штом има парапет, додека на корисникот на инвалидска количка би му требала рампа која ќе му овозможи промена на нивото.
Националната стратегија се заснова на темелна анализа на состојбите и последователно укажува на потребата од донесување соодветни одлуки од страна за заштита, образование, рехабилитација, стручно оспособување и вработување на лицата со попреченост.
Теми кои се од круцијална важност при составување на националната стратегија се:
-
- Превенција, рано откривање, рана дијагноза и ран третман;
- Предучилишно образование, основно образование, средно образование и високо образование за сите оние каде што е можно;
- Стручна обука и вработување, семеен живот, социјален живот, одмор и рекреација;
- Создавање услови (во семејства, Центри за полудневна и дневна нега, како и сместување во институции со мал капацитет и во домови за мали групи лица со попреченост) за сите оние лица со потешка попреченост на кои им е потребна ваква помош.
