Пристапни услуги за трудници и мајки

 

План за раѓање и нега

Планот за раѓање и нега треба да ги земе во предвид сите специфични потреби што може да ги има корисникот на услугата, а тоа ги вклучува барањата за пристапност поврзани со попреченоста на жената.

Идеално, проценката на овие потреби треба да се спроведе при првата антенатална посета.

Жената треба активно да биде вклучена во проценката и планот за раѓање и нега.

Мора да се овозможи пациентката да прави информиран избор на секој чекор – почнувајќи од антенаталната грижа и едукација, потоа раѓањето на нејзиното дете, за хранењето на бебето, за поддршката со родителските вештини итн.

Каде што е соодветно, можеби ќе треба да се оезбедат дополнителни информации од општ лекар или друг здравствен професионалци или да се обезбедат специјализирани услуги.

Онаму каде што барањата за грижа се посложени (на пример, жена со повеќекратна попреченост, интелектуална попреченост или значителни потешкотии во менталното здравје), вклучувањето на мултидисциплинарен тим може да одговори на различни аспекти на грижата.

Можеби ќе биде неопходно да се одржи конференција за случаи за да се помогне во формулирањето на сеопфатен план за раѓање и нега. Осигурајте се дека релевантниот персонал е свесен за какви било барања во врска со грижата или третманот што се поврзани со основното оштетување; на пример, потребата да се одржи одредена поза за родилка со повреда на ‘рбетот

Некои жени со попреченост ќе имаат корист од посетата на истиот лекар во тек на периодот на антенатална грижа. Во овие ситуации од голема важност би било одредувањето на член на персоналот за клучна работничка улога во ситуации кога тоа е потребно

Од суштинско значење е релевантните информации да се споделуваат со персоналот вклучен во грижата за жената во различни фази од бременоста (во периодот на антенаталната нега, за време на раѓање и за време на постнаталната нега). Ова може да ја минимизира потребата жената со попреченост да ги одговара истите прашања во различни фази од нејзината бременост или кога се среќава со различен здравствен персонал.

  • Вклучете релевантни информации; на пример, внесување на преференциите за комуникација во нејзината историја или компјутески систем на болницата
  • Клиничкиот персонал, вклучително доктори, медицински сестри и терапевтскиот персонал, треба да биде информиран за конкретни елементи од планот за раѓање и нега.
  • Информации релевантни за грижата и поддршката за испишувањето на пациентката треба да се пренесе на релевантниот персонал, како што е општ лекар на жената, медицинска сестра или социјален работник на жената.
  • Информациите кои се однесуваат на мајките треба да покриваат прашања околу бременоста и менталното здравје, вклучително и постнаталната депресија.
  • Охрабрете ги жените да откријат дали имаат проблеми со менталното здравје или земаат лекови за да можат да добијат соодветна поддршка и околу нивната бременост и нивното ментално здравје.
  • Обезбедете информации за породилните услуги, породувањето и грижата за доенчиња да може да се обезбедат во различни формати на барање и онаму каде што е изводливо. Може да биде побарано да дадете информации со големи букви, аудио, по е-пошта, преку вашата веб-локација или на Брајово писмо.

На фотографијата е прикажана трудница која со рацете на стомакот прави срце

Согласност

За да ѝсе овозможи на жената да даде информирана согласност за која било постапка, треба да се дадат соодветни информации и да се соопштат на начин што ги задоволува потребите за пристапност на жената.

Персоналот треба да објасни на јасен и достапен начин што ќе се случи доколку на жената и треба каква било интервенција.

На некои корисници на услуги може да им треба дополнително време и поддршка, вклучувајќи, доколку е потребно, повторување на информациите за да им се даде можност да разберат.

Не смее да се претпоставува дека корисникот на услугата нема капацитет да донесе одлука само поради неговата возраст, попреченост, изглед, однесување, ментална состојба (вклучувајќи интелектуална попреченост, ментална болест, деменција или резултати на тест за когнитивна функција), одредени верувања, неспособност за комуникација или фактот дека носат одлука што изгледа немудра за здравствениот или социјалниот професионалец.

Треба да претпоставите дека сите жени имаат капацитет да се согласат на одредена процедура или интервенција, освен ако не постои конкретна причина што укажува на поинаку. Сите корисници на услуги може да доживеат привремен недостаток на капацитет поради тешка болест, губење на свеста или други слични околности.

Секогаш добивајте согласност да пренесете какви било доверливи информации за барањата за пристапност или да пренесувате информации на друг медицински, помошен персонал или на семејството на жената.

Флексибилност

Услугите можеби ќе треба да бидат флексибилни за да можат да ги задоволат потребите на корисникот со попреченост. При закажување термини, имајте предвид дека за жената со попреченост:

  • Може да биде тешко да присуствува на состаноци и прегледи во раните утрински часови поради лекови, дополнително време потребно за подготовка итн. и
  • Можеби ќе треба дополнително време да пристигнете до закажаниот антенатален или амбулантски преглед.

Бидете отворени да обезбедите поддршка еден на еден за да и овозможите на жената со попреченост да учествува во антенаталната обука и да го поддржи хранењето на бебето и развојот на родителските вештини.

Антенатална грижа

Важен фактор во овој период од бременост кај мајка со одредена попреченост е закажувањето на временски подолги прегледи. Може да биде потребно повеќе време за да се воспостави комуникација со лице со пречки во говорот или слухот или со лице со интелектуална попреченост.

Треба да се даде доволно време да се слушне каква било загриженост од мајката, да се објасни темелно секој чекор на процедурите и да се осигура медицинскиот персонал дека жената разбира што се зборува.

Онаму каде што антенаталната грижа е споделена помеѓу општ лекар и болницата, од суштинско значење е да се обезбеди добра комуникација за кој било аспект од барањата на жената што може да се поврзани со нејзината попреченост.

Објаснете ги чекорите вклучени во која било постапка или преглед однапред, на јасен и едноставен јазик.

Овие процедури може да вклучуваат тестови на крвта, тестови на урина, проверки на крвен притисок и тежина или ултразвучни прегледи. За некој со потешкотии со слухот или нарушување на менталното здравје, користењето дијаграми е добар начин да се објасни. Објаснете однапред што ќе се случува, кај пациент со визуелна попреченост. Жената со попреченост во мобилноста можеби ќе треба да седне или да легне за време на рентген или друг дијагностички преглед. Ако тоа не е можно, разговарајте со жената и земете ги во предвид сите прпораки и алтернативни опции за изведување на прегледот.

Обезбедете безбедна и поддржувачка средина за жените со тешкотии во менталното здравје, со цел да им се овозможи да сотворат пред медицинскиот персонал и да им се олесни разговорот за нивните грижи. Онаму каде што е потребно, треба да се вклучи и тим за ментално здравје или персонал за поддршка на менталното здравје, во тек на целиот период.

Антенатални часови

Антенаталните часови треба да се одржуваат на места кои се физички достапни. Онаму каде што е можно, антенаталните часови треба да бидат дизајнирани да бидат инклузивни, со што содржината на часовите, информациите и методите на презентација ќе бидат достапни за сите, вклучително и мајките со попреченост.

Вежбите и техниките треба да се прилагодат соодветно спрема потребите на жената со физичка попреченост.

  • Жената која има визуелна попреченост ќе има потреба од дијаграми или вежби објаснети усно
  • Жена која наглува или глува можеби ќе треба да седи блиску до предавачот со цел да може да слуша или да чита од усни
  • Информациите што ќе се презентираат треба да бидат во достапни формати за да одговараат на потребите на поединците Антенаталните тутори треба да бидат едуцирани да им презентираат на жените со физичка попреченост за адаптивните техники или помагала и да се поврзат со персоналот кој ќе учествува во породувањето , со цел да се осигураат дека и тие ги имаат овие информации.
  • Жените со интелектуална попреченост може да имаат корист и од антенаталните сесии еден на еден каде што материјалот може да се објасни на едноставен начин со соодветно темпо. На пример, ако жена со интелектуална попреченост е подложена на планиран царски рез, постапката треба внимателно да се објасни на едноставен јазик.

Раѓање

Во оваа фаза од голема важност е да поминете дополнително време покрај жената со попреченост, со цел да слушате и да одговорите на какви било грижи и прашања кои може родилката да ги има. Осигурете се дека акушерката и клиничкиот тим се запознаени со специфичните барања на жената во врска со пристапната нега и/или какви било посебни комуникациски проблеми што може да се јават.

Погрижете се тимот да има организирани начини за соодветна комуникација со корисникот на услугата. На пример:

  • На жена со оштетен слух или интелектуална попреченост од огромна помош може да и бидат дијаграми и гестови како помош за комуникација
  • На жена која е глува или наглува може да и се помогне со одредени знаци или гестови кои можат да се употребат како алтернатива, доколку во моментот на породувањето нема можност да чита од усни
  • Жената со оштетен вид или интелектуална попреченост може да има потреба од вербални објаснувања за да разбере што се случува. Од особена важност е информациите кои се презентираат да бидат кратки и едноставни
  • На жената со физичка попреченост можеби ќе и треба помош за безбедно движење, при промена на својата положба за време на породувањето, што може да доведе до состојба која ќе бара дополнителен член на персоналот да помогне.

За цело време потребно е да се објаснува процедурата јасно и чекор по чекор, и последователно очекуваните и добиени резултати. Јасно објаснете ги информациите и можностите за контрола на болката, а потоа и што може да очекува кога ќе се воспостави контрола на болката. Објаснете дека користењето анстетик во вид на гас и воздух може да придонесе за чувстрво на дезориентираност.

Испис од здравствената установа и следење

Важно е да се планираат потребите за пристапност на родилката и нејзините медицински и поддршка при испис од здравствената установа.

Подготовката за испис можеби ќе треба да вклучи и тимска консултација помеѓу персоналот задолжен за едукација за мајчинство во болницата, медицинска сестра од јавно здравство, професионален терапевт, социјален работник и општи лекари за да се обезбеди поддршка за потребите на мајката и детето кога таа ќе се врати дома.

Со согласност на жената, погрижете се деталите за барањата за пристапност на жената да бидат вклучени во планот за постнатална нега и последователни прегледи.

Јасно објаснете кога и каде ќе се одржат последователните прегледи.

Обезбедете ги овие информации во пристапен формат врз основа на попреченоста со која родилката се соочува, како што се големи букви, е-пошта, во аудио или текстуален формат.

Осигурете се дека жената е целосно вклучена и информирана за плановите во иднина .

Можеби ќе биде неопходно да се организира дополнителна родителска поддршка дома, како што е домашна помош или личен асистент. Сестрите од јавното здравство можат да имаат многу важна улога во обезбедувањето совети, информации и поддршка за време на постнаталниот период.

Важно е последователните посети да бидат ставени во нивниот распоред за новите мајки да ја добијат оваа поддршка.